Англија
Фудбалски празник и дерби за паметење: Челси и Сити одиграа еден од најдобрите натпревари во поновата историја (Видео)

Неутралните фанови на Премиер лигата уживаа во фудбалски празник и дерби за паметење, кое сигурно уште долго ќе остане во сеќавање како еден од најдобрите натпревари гледани во поновата историја на англиската елита.
Во еден класичен дерби натпревар со офанзивен фудбал, двата тима играа со отворен гард и се погрижија за нестварна фудбалска претстава, во која и едниот и другиот тим постигнуваа голови како на лента.
Сити поведе со контроверзен пенал кој беше досуден над Халанд и Норвежанецот немаше проблем мирно да погоди за 0:1, но Челси брзо одговори и преку Тиаго Силва израмни на 1:1. Челси го искористи моментумот и преку Стерлинг направи пресврт за 2:1, но Сити повторно се наметна од крајот на првиот дел и израмни преку Аканџи на 2:2.
Вториот дел беше отворен онака какошто заврши првиот, но воведниот удар повторно беше зададен од Халанд, па така Сити поведе со 2:3. Во првите 15 минути од продолжението, Сити пропушти да го реши дербито и не искористи две шанси за да замине на плус два, а тоа го остави домаќинот во игра.
Избраниците на Покетино во ниту еден момент не престанаа да напаѓаат и играа отворено и без респект кон шампионот, па со таквиот пристап повторно се вратија и израмнија на 3:3 преку Џексон.
Ова се случи во 67-та минута, но тука не беше крајот на возбудувања, бидејќи во самата завршница видовме уште два гола, по еден во секоја мрежа. Сити со доста среќа постигна гол преку Родри за 3:4, додека во судиското продолжени беше досуден пенал над Броја, а судбината посака да решава човекот кој направи трансфер од „Итихад“ на „Стемфорд Бриџ“.
Кол Палмер ја презема одговорноста и сигурно погоди за 4:4, па така со гол против поранешниот клуб го постави конечниот резултат во дербито за паметење.
-
Македонијапред 21 час
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Италијапред 20 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Германијапред 13 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 15 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 12 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Шпанијапред 23 часа
Флорентино и Чоло уловени во интересна конверзација: Ќе бидеш горд…… (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Карагер: Само еден тим е подобар од Арсенал во ЛШ
-
Италијапред 18 часа
Влаховиќ за својата одлука: Го направив она што најмногу го посакував