Поврзете се со нас

Свет

Фудбалски натпревар предизвика трагедија во Гвинеја: Вистински хаос и голем број жртви крај теренот (Видео)

Објавено

на

Нивото на фудбал и инфраструктурата во Африка е далеку под нивото на кое сме навикнати да гледаме натпревари во Европа, а лошата организација и недоволно добрата безбедност за жал направиле да се случи вистинска трагедија во Гвинеја.

Како што јавуваат медиумите од Африка, натпреварот кој се одиграл во градот Н’Зерекоре предизвикал непоправлива штета за голем број семејства, бидејќи поради хаосот кој настанал на теренот и трибините, најмалку 50-тина фанови го загубиле животот.

Според информациите, хаосот настанал како последица на низа контроверзни одлуки во корист на домашниот тим Н’Зерекоре, по што навивачите на Лабе решиле да влетаат на теренот и да гаѓаат со камења по официјалните лица.

После ова, настанал вистински хаос и дошло до стампедо на главната трибини на која се наоѓале домашни навивачи, па во целиот тој настан настрадале голем број луѓе.

Безживотните тела на фановите се најлош приказ за ужасот и трагедијата во Гвинеја, а додека европските медиуми информираат за најмалку 56 загинати лица, оние од Африка пренесуваат дека може да има и стотина погинати како последица на ужасните сцени.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни