Поврзете се со нас

Свет

Фудбалски „Мајк Тајсон“ од Уругвај: Го „заспа“ противникот со брутален нокаут (Видео)

Објавено

на

Натпреварот од националниот Куп во Уругвај меѓу Пајсанду Интериор и Соријано Капитал доби голема популарност и во Европа, а причина за тоа е физичката бруталност која ја презентирал еден од членовите на домашниот тим, за кој најголем дел од јавноста во Јужна Америка бара доживотна суспензија.

Марио Гонзалес од редовите на Интериор буквално се „исклучил“ во последните минути од натпреварот, бидејќи при една мешаница, решил да дели правда за нокаути карактериситчни за боксерскиот ринг.

Фудбалерот на домашниот тим жестоко го удрил Енцо Ечевесте кој паднал како покосен на тревата, па иако звучи крајно неверојатно, токму играчот на Капитал е оној кој реагира најмирно на целата оваа ситуација.

Додека уругвајските медиуми бараат драконска и доживотна казна за насилникот, Ечевесте порачал дека такви работи знаат да се случат на теренот, па цела оваа непријатна епизода ја остава зад себе.

– Да заборавиме на се што се случи на теренот. Ви благодарам на сите за грижите, но јас сум добро. Да го заборавиме овој меч и да се насочиме на следниот, – гласи изјавата на жртвата од инцидентот кој стана вирален.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни