Поврзете се со нас

Англија

Фудбалски хакер се закани дека ќе објави нови документи како доказ дека Сити свесно го прекршувал ФФП

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити допрва може да заработи казна поради непочитување на правилата на англискиот Финансиски фер плеј, нешто што сигурно ќе биде голем удар за првиот англиск тим кој стигнал до четири премиерлигашки титули по ред.

Одолговлекувањето на целата процедура го предизвика хакерот кој стои зад „Футбол ликс“ да се закани дека ќе објави мејлови, преку кои лесно ќе биде утврдено дека Манчестер Сити свесно ги прекршувал правилата на ФФП.

35-годишниот Руи Пинто веќе објави мејлови од службените адреси на Сити во 2018 година, но не испрати најголем дел од документацијата до медиумите во тие моменти. Во моментов тој живее во „сигурна куќа“ како дел од програмата за заштита на сведоци, а документите кои ги симнал од системот на Сити ќе бидат употребувани во носењето одлуки за потенцијална казна за клубот.

– Интерните пораки на клубот покажуваат дека во Сити влегувале големи суми пари кои не биле пријавувани кај надлежните.

– Овие документи се дел од истрагата, а јас во меѓувреме предадов пет хард-диска на германските и француските власти, со дополнителни докази за престапите на Сити, – рекол Пинто преку видео линк од својата локација.

Претходно објавените документи од Пинто ја натераа УЕФА да го исфрлат Сити две години од европските купови, но таа пресуда беше укината од Спортскиот арбитражен суд во Лозана. Тој исто така ги откри платите на ѕвезди како Меси и Нејмар, неплаќањето данок на Роналдо, како и деталите за трансферот на Бејл од Тотенхем во Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни