Фудбалски фан го истрола Хумелс на Твитер, Германецот му одговори: Поздрави го Луис Суарез (Видео)

humels-1

Матс Хумелс се одлучи за еден неочекуван потег уште на стартот на летниот преоден рок, правејќи трансфер од Баерн Минхен во Борусија Дортмунд, нешто што претходно го изреализира во спротивен правец пред три години.

Искусниот германски стопер не успеа да ја освои титулата по која дојде во Баерн Минхен (трофејот во ЛШ), но пред и официјално да го одигра првиот меч по враќањето во Борусија, Хумелс се истакна на социјалните мрежи поради една глупост на фудбалски фан. Еден фан на Твитер се обиде да го истрола Хумелс за еден спектакуларен потег кој го изрежира Луис Суарез на дуел меѓу Барселона и Баерн Минхен, но симпатизерот испадна смешен бидејќи во ситуацијата жртва е друг играч со број „5“, Мехди Бенатија.

– Јас сум добро, ти благодарам. Како си ти? Поздрави го Луис Суарез од мене, тоа беше добар трик, но играчот со број 5 не сум јас….

Facebook Коментари