Поврзете се со нас

Германија

Фудбалски циркус во Бундеслигата: Два автогола и комичен погодок во неполни 30 минути (Видео)

Објавено

на

Баер Леверкузен го победи Аугзбург на гостувањето со убедливи 1:4 и за момент изби на првото место на табелата во Бунеслигата, но овој натпревар на „ВВК арената“ дефинитивно ќе се памети по откачениот старт во кој видовме вистински фудбалски циркус.

Следбениците на оваа средба од првата германска фудбалска лига беа сведоци на неверојатни три кикса во првото полувреме, по кои беа постигнати три гола.

Најпрво, Јаго имаше аматерската реакција во 3-та минута и си постигна урнебесен автогол за водство на Леверкузен од 0:1, а десетина минути подоцна, автогол си даде и Нидерлехнер.

На катастрофалните реакции на домаќините, со застрашувачки лоша реакција одговорија и Бакер и голманот Храдецки, па така Нидерлехнер се погоди и на вистинската страна за 1:2 во 30-та минута.

Во второто полувреме, уште два гола за Леверкузен постигнаа Шик и Вирц за конечни 1:4.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни