Репрезентација
Фудбалската селекција добива нов натурализиран фудбалер: Ерера најави дека ќе игра за Македонија

Поранешниот фудбалер на Работнички, а сегашен стандарден играч на МТК од Будимпешта, Себастијан Ерера Кордоба би можел да го добие својот прв репрезентативен повик за Македонија.
Ерера остана во Скопје како член на Работнички цели пет години со што се доби со право за македонско државјанство кое и го доби. Токму затоа левиот бек има можност да го носи дресот на репрезентацијата на Македонија, а како што изјави во неговото последно интервју за унгарските медиуми, тој очекува повик од Ангеловски.
– Не сакам да се наметнувам, но изгледа ќе бидам повикан за мартовските натпревари. Со нетрпение го очекувам тоа. Ако беше до мене пеш ќе заминев до Скопје за да го облечам дресот на Македонија, -изјави Ерера.
Ангеловски во досегашниот тек од репрезентативните натпревари на левата бековска позиција го имаше само Џани Алиоски, па Ерера сигурно би дошол како добро засилување за репрезентативниот табор.

- Италијапред 24 часа
„Бум-бум“ Иле: Несторовски доби вистинска шанса и ја реши Фиорентина (ВИДЕО)
- Англијапред 21 час
Мурињо со коментар за фудбалското шоу на Бејл кое ја воодушеви Англија: Сега изгледа како играч…. (Видео)
- Шпанијапред 20 часа
Урнебес во Валдебебас: Ѕвезда на Реал мораше да вика влечна служба за својот Ролс Ројс вреден 300 илјади евра (Видео)
- Англијапред 19 часа
Лук Шо откри какво чудно објаснување добиле играчите од судијата Атвел за недосудениот пенал
- Светпред 19 часа
Тадиќ предизвика хаос со капитенот на ПСВ во 92. минута, па едвај влезе во автобусот на Ајакс (Видео)
- Италијапред 22 часа
Лукаку: Интер сака да се подобрува, Роналдо…
- Светпред 24 часа
Бекам: Сакам да ги донесеме Меси и Роналдо во Мајами
- Англијапред 20 часа
Солскјер незадоволен по дербито: Не добивме чист пенал