Поврзете се со нас

Македонија

Фудбалската Федерација го одложи четвртфиналето во Купот поради големата трагедија во Бугарија

Објавено

на

Фудбалската Федерација на Македонија излезе со официјално соопштение за одложување на предвидените четвртфинални двојки во фудбалскиот Куп, сето тоа како последица на хорор веста која пристигна од Бугарија.

Македонија и Бугарија најавија денови на жалост поради огромната трагедија во која повеќе од 40 македонски граѓани го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа која се случи во соседната земја.

– Комисијата за натпреварување во Фудбалската федерација на Македонија го информира фудбалското семејство и клубовите од МФЛ дека по големата автобуска несреќа која се случи во раните утрински часови во Р. Бугарија, а во која животот го загубија наши граѓани, планираните четвртфинални натпревари од Купот на Македонија закажани за 24. ноември 2021 година се пренасочуваат за одигрување на 01. декември 2021 година со почеток во 13:00 часот.

Четвртфиналните двојки во Купот беа одредени на претходно извршена ждрепка:

Шкендија – Струга ТЛ

Силекс – Брегалница

Македонија ЃП – Шкупи

Пелистер – Вардар

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни