АТП
Фудбалска треска во 2 часот наутро: Надал и Руд приредиле вистинско шоу на аеродромот во Бразил (Видео)

Рафаел Надал и Каспер Руд имаат заедничка турнеја во Јужна Америка и ќе посетат неколку земји во кои ќе одиграат егизбициски натпревари, а првиот беше во Бразил.
Надал славел со 2:0 во сетови на мечот пред 5 илјади навивачи во Бело Хоризонте, по што тој и неговиот колега приредиле вистинско шоу на аеродромот во истиот град.
Заедно со неколку други лица кои го чекале својот лет на аеродромот во Бело Хоризонте, Надал и Руд одиграле неколку партии „без да падне“ во 2 часот наутро, што е јасен доказ дека и тие се „заразени“ од фудбалската треска која владее поради мундијалот во Катар.
Видеото од двајцата тенисери брзо стана вирално во Јужна Америка, а истото беше најава за втората станица која ќе ја имаат двајцата во текот на денешниот ден.
Надал и Руд веќе пристигнале во Кито, главниот град на Еквадор и планот е да одиграат нов меч во раните утрински часови по европско време.
2am at the airport, here is what Rafael Nadal and Casper Ruud are doing…
😁
(🎥 @RafaelNadal) pic.twitter.com/arf6tj9mjn
— We Are Tennis (@WeAreTennis) November 27, 2022
-
Англијапред 19 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Англијапред 20 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Светпред 24 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело
-
Шпанијапред 7 часа
ФИФА не го одобри трансферот на Барселона кој се случи во последен час
-
Англијапред 20 часа
Артета откри дека долго го следел Жоржињо и посочи што тој ќе донесе во клубот
-
Англијапред 2 часа
Дајч веднаш донесе нова енергија во Евертон: Лидерот Арсенал изненаден на „Гудисон Парк“ (ВИДЕО)