Поврзете се со нас

Балкан

Фудбалска Србија го виде најсмешниот пенал во Првата лига: Видео за рубриката „верувале или не“

Објавено

на

Натпреварот меѓу Војводина и Раднички од 10-то коло во српската фудбалска Суперлига донесе исклучително здодевно прво полувреме, но затоа второто беше неверојатно и беа видени шест гола.

Двата тима постигнаа по три гола во Нови Сад за конечни 3:3, но начинот на кој Раднички направи пресврт во првата половина од вториот дел беше навистина за прераскажување.

По голот за израмнување во 57-та минута, Раднички доби шанса да поведе и го направи тоа во 60-та, и тоа по една глупост каква што ретко се гледа во професионалниот фудбал.

Голманот на Војводина додаде до стоперот за старт на акцијата, а овој мислеше дека треба да изведе гол-аут и ја фати топката со рака.

Мислејќи дека топката се уште не е во игра, Сеид Корач направи еден од најсмешните пенали видени на овие простори, а гостите знаеја како да го казнат тоа и да реализираат за 1:2.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни