Поврзете се со нас

Англија

Фудбалска рапсодија на „Гудисон парк“: Евертон водеше 2:0 до 87. минута, но на крајот остана со празни раце (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Everton

Евертон беше на прагот од првата победа во новата сезона во Премиер лигата, но наместо тоа, навивачите на „Гудисон парк“ доживеаја хорор сценарио во последните 9 минути.

„Карамелите“ водеа 2:0 до 87-та минута со головите на Кин и Калверт Луин, а кога се чинеше дека лесно ќе го одбранат водството во завршницата, се внесе голема нервоза со голот на Семенјо.

Еден центаршут од левата страна резултираше со гол за 2:1, па во тој момент целосно падна концентрацијата на домаќините, кои до крајот примија уште два идентични гола.

Играчите на Борнмут во финишот сфатија дека можат да му наштетат на противникот со центаршутеви, па во продолжение видовме уште два слични гола, еден на Кук во 92-та и еден на Синистера во 96-та за 2:3 и целосен пресврт.

На овој начин, Борнмут стигна до прва победа во третото коло и има вкупно пет освоени бода, додека Евертон останува закован за дното со нула бодови по три меча.

Головите погледнете ги ТУКА

 

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни