Поврзете се со нас

Италија

Фудбалска поезија: Приемот на Дибала е видео на денот во Италија

Објавено

на

Foto:x.com/ASRomaEN

Пауло Дибала значително ја подигна формата по доаѓањето на Клаудио Раниери, односно ја доби потребната слобода во играта која направи да изгледа како во најдобрите времиња.

Аргентинскиот фудбалски мајстор отсекогаш ја воодушевувал јавноста на Апенините со своите технички квалитети, а со еден генијален потег сега го привлече вниманието и на Серија А.

Официјалниот канал на италијанското првенство пренесе една минијатура на Аргентинецот од натпреварот против Комо, па ова видео дефинитивно е објава на денот во Италија.

Дибала со магичен допир успеа да ја смири топкта по деганжманот на својот голман, а ова видео било уловено и од специјален агол на „Олимпико“.

Серија А сега се погрижи истото да стане достапно и за фудбалските фанови, кои по којзнае кој пат останаа фасцинирани од генијалноста на Аргентинецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни