Поврзете се со нас

Англија

Фудбалска минијатура: Марфи и Исак ја посрамотија одбраната на Ипсвич (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/NUFC

Њукасл на втор натпревар во низа постигна четири гола, а сосема очекувано, во таква ситуација запиша и нови три бода во Премиер лигата.

Популарните „страчки“ го прегазија Лестер на домашен терен и му одржаа фудбалска лекција со резултат 4:0, но сега со иста мера го „поздравија“ и Ипсвич.

Гостите од Њукасл направија исчекор уште во првата минута и поведоа со голот на Исак по центаршутот на Марфи, а овој двоец беше клучен и за преостанатите три гола до крајот на натпреварот.

Најпрво Марфи зголеми на 2:0, до крајот на првиот дел по вторпат во листата на стрелците се запиша Исак, а Швеѓанецот комплетираше хет-трик во вториот дел.

Истиот дојде по извонредна фудбалска минијатура која ја режираа тој и Марфи, по што слободно се заклучи дека одбраната на Ипсвич денеска немаше никакво решение за напаѓачкиот двоец на гостите.

Со оваа победа, Њукасл изби на седмото место на табелата, додека Ипсвич го чека грчевита борба за опстанок како 18-то пласиран во Премиер лигата.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни