Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фудбалска иронија: Барселона ќе му исплати бонус на Ливерпул ако Кутињо ја освои ЛШ со Баерн

Објавено

на

Тешкиот пораз на Барселона од Баерн Минхен и натаму ги одржува Каталонците во центарот на вниманието на фудбалските фанови кои не штедат критики за тимот на Кике Сетиен.

Сол на рана беа и головите на Фелипе Кутињо постигнати во завршницата, со што фудбалерот на Барселона позајмен во Баерн го дотолчи својот матичен клуб.

За иронијата да биде уште поголема, „Мирор“ пренесува дека во договорот меѓу Ливерпул и Барселона за трансферот на Бразилецот биле вклучени многу бонуси, а еден од нив е шпанскиот тим да му плати на премиерлигашот 5 милиони евра ако Кутињо ја освои Лигата на шампионите.

Во договорот немало конкретизирано дали тој трофеј ќе биде освоен токму со Барселона, па сега Кутињо може да ја чини Барса дополнителни 5 милиони евра и тоа за титула освоена со Баерн Минхен.

Баерн во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Манчестер Сити и Лион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни