Поврзете се со нас

Италија

Фудбалска екстаза во Болоња, Орсолини ги воодушеви тифозите со својата реакција (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BolognaFC1909en

Болоња игра страшен фудбал под воство на Тиаго Мота и важи за најпријатно изненадување во Серија А, бидејќи овој тим врза шест победи во низа и е четвртопласиран на табелата.

Избраниците на Мота вчера гостуваа во Бегамо и успеаја да направат пресврт против Аталанта во директната битка за четвртото место, па по победата од 1:2, фудаблерите беа пречекани како херои во Болоња.

Тифозите на овој клуб приредија незаборавен пречек за фудаблерите кои полека прераснуваат во вистински херои, а Орсолини се погрижи дел од фановите да доживеат екстаза.

Офанзивниот фудбалер пронајде оригинален начин да им одговори на присутните навивачи, односно го отвори сончевиот кров и од таму почна да слави како да постигнал гол во 90-та минута.

Овие сцени брзо станаа омилени меѓу навивачите на Болоња, а истите беа проследни и од италијанските медиуми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни