Поврзете се со нас

Италија

Фудбалска бравура од корнер: Квадрадо ги шокираше Пандев, Шева и компанија…. (Видео)

Објавено

на

Јувентус има предност од еден гол разлика по 45 минути игра во Торино на натпреварот против Џенова, пред се благодарение на мајсторијата која ја изведе Хуан Квадрадо.

Искусниот колумбиски фудбалер одговори на предизвикот на Хакан Чалханоглу, такашто денеска изведе уште поубаво ремек-дело од корнер кое вчера го режираше фудбалерот на Интер.

Квадрадот постигна гол во стилот на легендарниот Артим Шаќири, односно го „поздрави“ директно од корнер Сиригу кој има епитет на актуелен европски шампион.

Мајсторијата на Квадрадо ја направи главната разлика во првите 45 минути, а додека играчите на Џенова беа запрепастени, Пандев и Шевченко го гледаа шокот од клупата.

Македонскиот фудбалер го започна мечот како резерва, па останува да видиме дали ќе доби шанса од Шева во вториот дел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни