Поврзете се со нас

Германија

Фудбалот е едноставна игра кога на теренот е Томас Милер (Видео)

Објавено

на

Томас Милер секогаш се одлучува за наједноставните и најрезонски потези на теренот кога е завршната третина во прашање и најчесто знае да биде на вистинско место во вистинско време, квалитет кој ни го демонстрираше и вечерва во Берлин.

Баерн Минхен ја торпедираше Херта во германската престолнина и успеа да постигне четири гола во мрежата на домашниот тим, па на крајот можеше да си ја дозволи и големата грешка на Упамекано.

Херта постигна почесен гол за 1:4 поради киксот на францускиот стопер кој влезе од клупата на резерви, но пред да се случи тоа, баварците си ја зваршија својата работа со четирите гола.

Видовме четири различни стрелци на погодоците, а најинтересен беше оној на Томас Милер кој уште еднаш ни демонстрираше колку фудбалот е едноставна игра со него на теренот.

Милер го постави само стопалото по центаршутот на Кимих и ја измами цела противничка одбрана која мислеше дека е во офсајд, што всушност беше втор гол на Баерн по оној на Толисо. Во вториот дел, Сане и Гнабри погодија за 0:4, пред последниот гол на Екеленкамп кој беше постигнат по грешката на Упамекано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни