Поврзете се со нас

Англија

Фудбалерот кој се поврзува со Манчестер Јунајтед му се понуди на Тен Хаг: Тука сум ако ти затребам

Објавено

на

Ерик Тен Хаг предвреме го раскина договорот со Ајакс и наместо кон средината на јуни, клубот го напушти веднаш по последниот лигашки натпревар.

Холанѓанецот нема да патува со тимот во Куракао, каде ќе се остане пет дена со цел да се прослави титулата, туку веднаш ќе се упати кон Манчестер затоа што знае каква работа го чека во тимот на Манчестер Јунајтед.

Од таборот на Ајакс, како благодарност за се она што направил Тен Хаг во изминатите пет години, објавија видео со пораки од играчите и членовите на управата на Ајакс.

Меѓу пораките кои најмногу ги забележаа навивачите на Манчестер Јунајтед е и онаа на бразилскиот офанзивец, Ентони кој се поврзува со премин на „Олд Трафорд“.

Имено, Ентони во еден дел од видео пораката „се понуди“ на Тен Хаг говорејќи му дека ако му затреба, слободно може да му се јави.

– Знај дека секогаш ќе бидам покрај тебе кога и да ти затребам. Побарај ме, -му порача Ентони на Тен Хаг.

Навивачите на Манчестер Јунајтед веднаш ја примија оваа порака како јасен сигнал дека играчот би бил подготвен да му помогне на Тен Хаг во новата авантура на „Олд Трафорд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни