Поврзете се со нас

Репрезентација

Фудбалерките надиграни од Косово во Лигата на нации

Објавено

на

foto: ffm.mk

Женската А репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз од селекцијата на Косово (4-0) во првиот меч од новото издание на Лигата на нации.

Избраничките на Андов беа надиграни од противникот на денешното соочување на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје. Гостинската селекција поведе уште во раната фаза со голот на Бичкај во 6 минута, а истата фудбалерка во 49 минута зголеми и на 2-0.

Од 65 до 67 минута примивме уште два гола преку Фетај и Метај за лош почеток во ова натпреварување во кое нареден ривал ќе ни биде селекцијата на Летонија.

Македониja: Панчурова, Николовска, Коларовска, Босеска,Марковска, Андреевска, Нацева, Рочи, Меијер, Максути

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни