Поврзете се со нас

Репрезентација

Фудбалерките ги добија ривалите за квалификациите за ЕП

Објавено

на

Со ждрепката за квалификациските групи за Европското првенство за жени 2025 година што се одржа во Нион, беа формирани групите кои на крајот ќе одлучуваат за местата кои водат до завршниот турнир во Швајцарија, односно местата кои водат во плеј-офот.

Македонската женска фудбалска репрезентација се најде Ц сегментот, а извлекувањето ги смести избраничките на Кирил Изов во подгрупата Ц2, каде ќе играат против Словенија, Летонија и Молдавија. Во фазата на лигата, која трае од април до јули оваа година, тимовите се поделени во три лиги врз основа на нивниот пласман во Лигата на нации за жени на УЕФА.

 

ЛИГА Ц

Група Ц1: Белорусија, Литванија, Кипар, Грузија

Група Ц2: Словенија, Летонија, Македонија, Молдавија

Група Ц3: Грција, Црна Гора, Андора, Фарски Острови

Група Ц4: Романија, Бугарија, Казахстан, Ерменија

Група Ц5: Албанија, Естонија, Луксембург

 

КВАЛИФИКАЦИИ

Двете првопласирани селекции од секоја група во Лигата А ќе обезбедат директен пласман на завршниот турнир заедно со домаќинот Швајцарија. Преостанатите седум патници на ЕУРО 2025 ќе го обезбедат своето место преку плеј-офот. Квалификациските натпревари ќе се играат од 3 до 9 април, потоа од 29 мај до 4 јуни и од 10 до 16 јули 2024 година. Ждрепката за плејофот ќе се одржи на 19 јули 2024 година.

ПЛЕЈОФ

Третата и четвртата екипа од групите на Лига А ќе играат против петте победници и трите најдобри второпласирани во Лигата Ц. Најдобрите второпласирани екипи во Лигата Б ќе се соочат со двете преостанати второпласирани и четири третопласирани екипи.

ЛИГА НА НАЦИИ

Квалификациите ќе имаат влијание и на следната сезона од Лигата на нации, па победникот од групата во Лига Б ќе се промовира во Лига А, последнопласираната екипа од групата Б ќе испадне во Лига Ц, додека второпласираните и третопласираните екипи ќе останат во истиот ранг.

Европското првенство за жени се одржува од 2 до 27 јули 2025 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни