Репрезентација
Фудбалерките до 17 години доживеаа пораз од Косово

Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години загуби со минимални 2:1 од домаќинот Косово во битката за првото место на квалификацискиот турнир од Б лигата.
Избраничките на селекторот Катерина Милеска иако имаа предност од 1:0, на крајот во еден возбудлив и интересен меч до самиот крај загубија со 2:1.
Нашите фудбалерки последните 20 минути од средбата ги одиграа со играч помалку. Исклучена беше Комненова која во периодот од 66 до 69 минута заработи два жолти картони.
Стрелец на голот за водство на Македонија го постигна Попески во 11. минута. Косово го израмни резултатот во 27. минута преку Фека.
Голот за победа на Косово го постигна Хокха во 84. минута од мечот.
Македонија: Комненова, Коловска, Додевска, Крстева, Василева, Величковска, Трендова, Боризоска, Галабовска, Попески, Грозданова;
Селектор: Катерина Милеска
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 20 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 17 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 21 час
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Шпанијапред 16 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Европски првенствапред 19 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Англијапред 6 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него