Поврзете се со нас

Шпанија

Фудбалерите се фаќаа за глава: Повредата на Диакаби остана во сенка на контроверзите на „Месталја“ (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/valenciacf_en

Валенсија и Реал Мадрид одиграа реми со резултат 2:2 во Ла Лига, а натпреварот заврши со контроверзен момент поради одлуката на судијата Манцано да отсвири крај за време на акцијата која заврши со гол за гостите.

Она што остана во сенка на контроверзниот финиш е сериозната повреда на Муктар Диакаби, членот на Валенсија кој настрада по дуелот со Орелиан Чуамени.

Французинот ненамерно падна врз ногата на Диакаби и очигледно предизвика сериозна повреда кај стоперот на Валенсија, нешто за што потврда беа и реакциите на дел од фудбалерите кои се фаќаа за глава од глетката пред себе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни