Поврзете се со нас

Репрезентација

Фудбалерите отпатуваа за Чешка, Димоски порачува: Добро го анализиравме противникот

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација ова попладне отпатува за Чешка каде ќе одигра контролен меч против домашната селекција во Храдец Кралове, а сосема јасно, главна цел на нашите играчи ќе биде да го поправат впечатокот од Ријека.

Македонија загуби убедливо од Хрватска и ова ќе биде последен тест пред Лигата на нации во месец септември, па дефинитивно фудбалерите ќе мора да се погрижат да го задоволат селекторот Благоја Милевски.

Од друга страна, за Чесите ова ќе биде последен тест пред Европското првенство, што значи за очекување е максимално залагање од двата тима, без оглед на тоа што станува збор за пријателски меч.

Бојан Димоски даде изјава пред заминувањето за Чешка и посочи дека е добро изанализиран следниот противник, со надеж дека тој и соиграчите ќе остварат добар резултат.

– Мора да ја поправиме тактичката дисциплина, да ги тргнеме недостатоците кои ги имавме од последниот меч. Кога играте против вакви репрезентации, нема простор за грешки. Чешка е добро анализирана, претстојниот меч е последна контрола за ЕП, ќе влезат во мечот како да се веќе на турнирот.

– За нас ова е последен тест пред Лигата на нации, во минатото покажавме дека можеме да се носиме со силни репрезентации како Англија и Италија, верувам дека можеме да се носиме и со Чешка. Се работи за доста физички и тркачки подготвен тим, но и ние имаме добри страни и се надевам дека ќе ги искористиме за добар резултат, – изјави Димоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни