Фудбалерите на Валенсија ја бојкотираа прес-конференцијата пред дуелот со Челси

Selades

Ситуацијата во редовите на Валенсија и натаму е тензична, а неочекуваниот отказ за тренерот Марселино очигледно ќе има сериозни последици врз резултатите на екипата.

„Лилјаците“ се подготвуваат за утрешниот дуел против Челси од Лигата на шампионите, но тренерот Алберт Селадес денеска беше осамен на вообичаената прес-конференција. На неа обично треба да присуствува и еден фудбалер, но членовите на екипата одбиле да се појават и да му прават друштво на новиот тренер.

–  Моментот не е идеален, но што може да се прави, фудбалерите се тие кои решаваат. Од мене се бара да го работам она за што сум доведен и да ги носам правилните одлуки, – изјавил разочараниот Селадес чија екипа ќе има тешка задача против Челси.

Facebook Коментари