Фудбалерите на Спортинг Лисабон физички нападнати од група маскирани навивачи (Фото)

sporting-maskirani

Лошата атмосфера во редовите на Спортинг Лисабон по испуштениот пласман во Лигата на шампионите доведе до најави за суспензија на стручниот штаб и најавен бојкот на фудбалерите, а денеска ситуацијата кулминирала со физички напад врз дел од првиот тим.

Како што пренесуваат португалските медиуми, тренерот Жорге Жезус и неколку првотимци на Спортинг биле физички нападнати од 50-тина навивачи на клубот, по што дел од нападнатите завршиле и со видливи повреди.

Меѓу оние кои поминале најлошо се Бас Дост (фото) и капитените Руи Патрисио и Вилијам Карвалјо. Нападнати биле и Баталја и Мишиќ, а Спортинг го потврди нападот кој се случил во клупската база на Спортинг. Полицијата ќе треба да истражува како напаѓачите добиле пристап до соблекувалните каде ги нападнале фудбалерите и членовите на стручниот штаб. Португалските медиуми не го споменуваат името на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски меѓу оние кои биле нападнати.

bas-dost

Facebook Коментари