Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фудбалерите на ПСЖ добија дополнителна мотивација пред реваншот со Сити: Совети им подели Сер Алекс (Фото)

Објавено

на

Легендарниот Сер Алекс Фергусон денеска бил во хотелот „Лоури“ лоциран во Салфорд каде во моментов се наоѓа тимот на ПСЖ кој вечерва треба да се соочи со Манчестер Сити во возвратниот натпревар од полуфиналето од Лигата на шампионите.

Францускиот тим ќе има тешка задача затоа што ќе брка негатива од 2:1 од првиот натпревар одигран во Париз и според многумина е аутсајдер пред вториот полуфинален натпревар.

Сер Алекс им дал дополнителна мотивација на играчите на ПСЖ со тоа што им поделил совети како да се соочат со тимот на Сити, а разговарал и со Маурисио Покетино на кого имал што да му каже затоа што легендарниот Ферги е познат по неверојатните пресврти кои ги правел во минатото со Манчестер Јунајтед.

Фоторепортерите го забележаа Ферги пред „Лаури“ хотелот во друштво на првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, па ваквата вест на англиските медиуми беше поткрепена и со докази.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни