Фудбалерите на Интер вечерва со Инстаграм имиња на своите дресови (Фото)

inter-sn

Интер вечерва го отвора 33. коло во Серија А со натпреварот против Калјари, а оваа средба ќе биде запаметена меѓу навивачите поради одлуката на домашниот тим на интересен начин да ја одбележи „ Интер социјалната ноќ“.

Интер ги промовираше дресовите на кои наместо класичните презимиња стојат корисничките имиња на фудбалерите на Инстаграм, но тие ќе бидат носени и подарени пред почетокот на средбата и секако нема да бидат носени за време на натпреварот.

Направени се и други активности и поканети голем број познати ѕвезди, кои клубот сака да ги мотивира да споделуваат информации и фотографии на социјалните мрежи.

Facebook Коментари