Фудбалерите на Интер посетени од славен фан (Видео)

inter-trening

Интер се подготвува за стартот на новата сезона, а денеска фудбалерите на Лучијано Спалети беа пријатно изненадени од посетата на еден славен фан на клубот од Милано.

Во клупската база, со хеликоптер пристигнал славниот тенор Андреа Бочели, кој во јавноста е познат како голем фан на Интер и како што самиот вели уште поголем анти-јувентино.

Бочели ги поздравил членовите на првиот тим на Интер во соблекувалната, а им отпеал и дел од познатата арија „Несун дорма“.

Facebook Коментари