Поврзете се со нас

Англија

Фудбалерите на Челси имаат над 190 кумулативни години во своите договори со клубот

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ChelseaFC

Актуелното раководство на Челси ангажираше голем број фудбалери откако го презема клубот, а реши да применува и една специфична тактика за распределба на трошоците.

Тод Боли и неговите соработници инсистираат на долги договори на новите засилувања, како начин за подобра распределба на трошоците во однос на финансискиот фер плеј, но од друга страна тоа му создава поинаков проблем на премиерлигашот.

„Скај Спортс“ пресметал дека фудбалерите на Челси има кумулативни 191 година во нивните договори, период кој е далеку поголем од останатите премиерлигашки ривали.

Кол Палмер и Енцо Фернандез имаат деветгодишни договори, додека најголем од останатите засилувања потпишаа шестгодишни договори.

Најблиску до Челси е Тотенхем со кумулативни 97 години, додека на дното е Евертон чии фудбалери кумулативно имаат 47 години во нивните договори. Манчестер Јунајтед е на петтото место со 82 години, шампионот Сити е во втората половина со 71, а Арсенал е обврзан на кумулативни 62 години.

Во едно од своите медиумски излагања, легендарниот Греем Сунес истакна дека ваквата политика на Челси е доказ дека конците ги влечат луѓе кои не ја разбираат суштината на играта, па и фудбалскиот бизнис.

– Кога на 20-годишно момче ќе го обезбедиш финансиски за цел живот, кај него се губи страста и желбата за докажување. Тие веќе не го гледаат секој ден како нов „училишен ден“, – вели Сунес.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни