Шпанија
Фудбалерите на Атлетико бараа аут, Лас Палмас постигна гол во мрежата на Облак (Видео)

Позитивната серија на Атлетико Мадрид во шпанската Ла Лига сопре на бројката шест, бидејќи после толку победи во низа, тимот на Чоло Симеоне вечерва беше непријатно изненаден на Гран Канарија.
Лас Палмас успеа да ја искористи летаргичноста во играта на гостите од Мадрид, кои првпат после два месец ипол одиграа лош натпревар како оној против Валенсија на „Месталја“.
Атлетико не успеа да ја наметне својата игра и немаше решение за зонската одбрана на Лас Палмас, а домаќинот во таков распоред дочека и две грешки кои ги претвори во гол.
Фудбалерите на Атлетико бараа аут кога Антоан Гризман се обиде атрактивно да додаде со пета, но повторената снимка покажа дека топката не излезе со цел обем од границата на теренот и затоа голот на Родригез во 51-та минута беше регуларен.
Во продолжение, Лас Палмас дочека уште една грешка по која Рамирез погоди за 2:0, а до крајот на натпреварот, Алваро Мората постигна почесен гол за конечни 2:1.
-
Англијапред 9 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 23 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Англијапред 11 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 9 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Италијапред 21 час
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 10 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 11 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Германијапред 22 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат