Поврзете се со нас

Англија

Фудбалерите го креваат гласот: Хендерсон ќе ги собере сите капитени и ќе ги обедини против Супер лигата

Објавено

на

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон погоден од најавите за формирање на новата европска Супер лига свикал итен состанок на сите капитени на тимовите од Премиер лигата.

Тимот во кој Хендерсон е капитен, Ливерпул, е еден од шесте клубови од Премиер лигата кои ќе земат учество во новоформираното натпреварување кое предизвика вистински раскол во светот на фудбалот.

30 годишниот фудбалер е ценета фигура во Англија и се верува дека тој заедно со неговите колеги од другите клубови ќе разговараат за излез од кризата во која може да западне фудбалот.

Според „Билд“, Ливерпул веќе почнал сериозно да се двоуми за проектот Супер лига, а причината за тоа било огромното незадоволство од страна на фановите кои вчера пред „Енфилд“ дури и го „погребаа“ клубот.

Се очекува на средбата на капитените да биде донесена значајна одлука која сигурно ќе влијае врз натамошниот тек на настаните со оглед на фактот што на истата ќе бидат присутни и капитените од шесте тимови кои се планираат како учесници во новата лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни