Фудбалер на Вилјареал обвинет за обид за убиство

semedo

Шпанското обвинителство потврди дека фудбалерот на Вилјареал, Рубен Семедо е обвинет за обид за убиство и му се заканува сериозна затворска казна.

Обвинителството го обвинува португалскиот дефанзивец и за физички напад, грабеж, нелегално поседување оружје и киднапирање, а исто така бара и да биде задржан во притвор без можност да се брани од слобода со кауција.

Семедо е уапсен откако 23-годишен маж пријавил во полиција дека бил киднапиран од фудбалерот и уште две лица и насила задржан во домот на фудбалерот, каде бил врзуван и тепан од обвинетите. Додека бил киднапиран, обвинетите украле 24.000 евра и вредни предмети од неговиот дом, а кога побегнал пукале по него со револвер, иако за среќа не го погодиле.

За Португалецот ова е трето апсење за краток период, но се чини дека овојпат нема лесно да се извлече од сериозното обвинение. Двајцата преостанати обвинети се во бегство.

Facebook Коментари