Поврзете се со нас

Германија

Фудбалер на Унион Берлин постигна бизарен автогол од 30 метри (Видео)

Објавено

на

Унион Берлин денеска доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Ајнтрахт (5:2), а еден од виновниците за овој епилог беше и Роберт Андрих.

Дефанзивецот на гостинската екипа направи голема грешка и постигна бизарен автогол и тоа во моментите кога резултатот беше 1:1.

Во 35. минута, Андрих под притисок на домашните играчи се обиде да ја врати топката до својот голман, но овој се подлизна и не успеа навреме да стигне за да го спречи најлошото.

Автоголот делуваше лошо по Унион Берлин, па до крајот на полувремето Ајнтрахт постигна уште два гола и имаше водство 4:2, кое беше доволно за бодови, а и потврдено во самиот финиш за конечни 5:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни