Поврзете се со нас

Англија

Фудбалер на Тотенхем призна дека зборувал со Погба откако се соочил со потешкотии во односот со Мурињо

Објавено

на

Жозе Мурињо важи за тренер кој често знае да влезе во клинч со своите фудбалери, а од такво нешто не успеа да се спаси и најскапото засилување во историјата на Тотенхем, Тангуј Ендомбеле.

Францускиот интернационалец минатата сезона имаше големи потешкотии да се наметне кај Жозе Мурињо кој често јавно го критикуваше за своите настапи на терените.

Сега, една година по таквите настани, Ендомбеле призна дека во тој момент имал краток разговор со Погба околу тоа како поминал тој под водство на Мурињо. И Погба имаше тензичен период во Манчестер Јунајтед кога стратег беше Португалецот, но потоа работите се смирија, па Погба почна да игра на задоволително ниво.

– Точно е зборувавме на таа тема, но тоа беше краток разговор. Не беше нешто за што добив некој совет од Погба затоа што двајцата бевме во различни ситуации. Точно е дека тој работеше со Мурињо, но моето искуство со тренерот не беше исто како неговото затоа што двајцата сме поразлични карактери, -изјави Ендомбеле.

Фудбалерот од средниот ред сега игра одлично во дресот на Тотенхем и е редовен во тимот на Жозе Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни