Поврзете се со нас

Англија

Тотенхем остана без важен играч до крајот на сезоната

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Тотенхем сезонава се бори за место кое води во Лигата на шампионите, а менаџерот Анге Постекоглу се соочи со неколку проблеми поврзани со повредите на фудбалерите.

Дестини Удоги се покажа како одличен трансфер за премиерлигашот, но италијанскиот интернационалец ќе го пропушти клучниот дел од сезоната, поради повреда заработена на тренинг.

Тоа го потврди самиот фудбалер преку социјалните мрежи, потенцирајќи дека морал да оди на оперативен зафат и нема да се врати на терените до крајот на актуелната сезона.

– Повредата е причина што ќе ја завршам сезоната порано, – објавил Удоги, кој одигра 30 натпревари во првата сезона откако го засили Тотенхем од редовите на Удинезе.

На шест кола до крајот, Тотенхем има три бода помалку, но и натпревар помалку од четвртопласираната Астон Вила, па битката за ЛШ ќе биде интересна до последното коло во Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни