Италија
Фудбалер на Торино е позитивен на коронавирусот
Фудбалските клубови во Италија почнаа да ги тестираат своите фудбалери, подготвувајќи ги за почетокот на тренинзите и продолжувањето на сезоната, а веќе се појави и првиот позитивен тест во оваа фаза.
Торино денеска објави дека член на првиот тим имал позитивен тест и веднаш е испратен во карантин, а неговото име барем засега не е познато.
– По првичните медицински испитувања, еден од нашите фудбалери е позитивен на коронавирусот. Фудбалерот во моментов нема симптоми, ќе биде испратен во карантин и следен од нашиот медицински тим, – вели Торино во своето соопштение.
Клубовите кои сакаат да ја продолжат сезоната ќе мора да следат одреден протокол поврзан со евентуални позитивни тестови, нешто од што најмногу се плашат клубовите бидејќи може да донесе до крај на сезоната.
Според актуелниот протокол, ако еден фудбалер е позитивен, во карантин треба да одат сите негови соиграчи и тоа 14 дена, но италијанската федерација се обидува да го преземе протоколот од Бундеслигата, каде карантинот важи само за заразениот играч.
-
Англијапред 23 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 22 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Балканпред 11 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
НБАпред 24 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Шпанијапред 21 час
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 24 часа
Анчелоти откако Белингам првпат остана без минутажа на теренот: Џуд ми ја олесни работата
-
Шпанијапред 20 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)