Поврзете се со нас

Германија

Фудбалер на Штутгарт четири години користел лажен идентитет

Објавено

на

Силас Ваманутка открил дека бил уценуван од својот поранешен менаџер и настапувал со лажен идентитет и пријавена возраст које не се совпаѓа со вистинската.

Соиграчот на нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов, досега стравувал за последиците од ваквото признание, но по консултациите со својот клуб, бил охрабрен да ја открие вистината.

Вистинското име на фудбалерот е Силас Катомпа Мвумба и е роден во Киншаса во 1998, една година порано од тоа што му пишувало во официјалните документи.

Проблемот за фудбалерот од Конго настанале откако по пристигнувањето во академијата на Андерлехт, му било побарано да се врати во неговата татковина за да извади нова виза, по што на сцена стапил тогашниот агент кој го убедил дека ако го направи тоа, нема да биде пуштен да влезе на европска територија.

Агентот му обезбедил лажни документи, а потоа ги користел за да го уценува Конгоанецот.

Мвумпа дојде во Штутгарт од екипата на Париз во 2019 година и се наметна како еден од најважните фудбалери на Бундеслигашот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни