Поврзете се со нас

Италија

Фудбалер на Рома се пожали на болки во градите, мечот на „Фриули“ заврши предвреме (ВИДЕО)

Објавено

на

Мечот меѓу Удинезе и Рома не го дочека својат крај, а причината за тоа е непријатната сцена, момент со гостинскиот дефанзивец, Еван Ндика.

Се играше 71 минута кога Ндика легна на теренот поради болки во градите по што интевенираа медициските екипи кои потоа на носилки го изнесоа дефанзивецот на „волчицата“.

На крајот екипите заедно со судијата Лука Паирето се договорија мечот да не продолжи, поточно истиот беше прекинат при резултат 1-1.

Рома воедно се јави со информација дека играчот е свесен и е однесен во болница на дополнителни проверки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни