Поврзете се со нас

Италија

Фудбалер на Рома барал помош од фановите откако „исчезнал“ автомобилот на неговите родители

Објавено

на

Гонзало Вилјар од екипата на Рома им се обратил на фановите на социјалните мрежи, барајќи помош поради украдениот автомобил на неговите родители.

Вилјар кој сезонава нема настап за „волчицата“ се обидел да го искористи големиот број следачи на своите профили за да добие било каква информација за инцидентот кој се случил во Рим.

Неговите родители требало да се вратат во Шпанија со спорниот автомобил, но истиот бил украден од пред куќата на фудбалерот.

– Здраво на сите, сакам да ве информирам дека претходната ноќ некој го украл автомобилот на моите родители (бел Фиат Абарт 500), кој беше паркиран пред мојот дом.

– Ова утро, кога тие требаше да тргнат кон Шпанија, тој не беше на местото каде го оставиле. Ако имате било каква информација, ви благодарам, – напишал Вилјар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни