Поврзете се со нас

Лига Европа

Фудбалер на Ренџерс дриблаше во својата половина и погоди од центар (Видео)

Објавено

на

Глазгов Ренџерс стигна до важна победа на гостувањето кај Стандард во Лига Европа (0:2), а погодокот на Кемар Руф веројатно ќе биде и еден од најдобрите во денеска започнатата сезона во овој европски куп.

При водство на Ренџерс од 1:0, Руф во судиското продолжение најпрвин издрибла неколку противнички фудбалери, а потоа постигна маестрален погодок.

Излезениот голман скапо го плати својот потег и не можеше да го спречи погодокот на Руф, а Ренџерс официјално почна да ја прославува победата.

Првиот гол за Ренџерс го постигна Таверние од пенал во 19. минута, а во истата група Бенфика славеше како гостин кај Лех во Полска со 2:4.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни