Поврзете се со нас

Шпанија

Фудбалер на Реал ја подгреа ситуацијата околу Мбапе: Одлично би се вклопил во тандем со Винисиус

Објавено

на

Веќе е јавна тајна дека Реал Мадрид сериозно ќе тргне по ангажманот на Килијан Мбапе уште во јануарскиот преоден рок.

Еден од најдобрите светски фудбалери останува без договор по крајот на оваа сезона и веќе во јануари ќе може да го договори својот следен агнажман.

Фудбалерот има желба да игра за Реал Мадрид, клуб за кој навива Мбапе уште од најмала возраст, а дека навистина може да се случи негов трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ потврди и фудбалерот на „кралевите“, Касемиро.

Играчот од средниот ред посочи дека Мбапе одлично би се вклопил со Винисиус во тимот, што јасно дава дознаење дека во Реал сериозно се размислува на тоа Французинот да стане нивен играч.

– Мбапе не е наш играч, но сите сме свесни дека е одличен фудбалер. Тој е меѓу тројцата најдобри во светот и е компатибилен за секој тим, па така и на нашиот.

– Мислам дека Винисиус Жуниор и Мбапе се во такви фази на кариерите каде би се вклопиле одлично во еден ист тим. Секој кој го сака фудбалот може само да му се восхитува на Мбпае затоа што тој е феноменален играч, -изјави Касемиро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни