Шпанија
Фудбалер на Рајо почна да се води за исчезнат во јавноста, претседателот на клубот даде објаснување
Раул Де Томас одигра вкупно 90 минути на последните 16 натпревари за Рајо Валјекано, а неговото непознато и необјаснето отсуство на последните натпревари предизвика и големи сомнежи во шпанскиот печат.
Дел од медиумите во текот на вчерашниот ден почнаа да пренесуваат дека поранешниот напаѓач на Реал Мадрид е исчезнат и дека никој во клубот не му знае трага, но на ваквите сензационални информации сега пристигна демант од страна на Мартин Преса.
Претседателот на Рајо Валјекано откри дека Раул нема да биде во комбинација и за мечот во Копа дел Реј, а причина за тоа е болест која не сакаше да ја открива.
– Раул Де Томас е надвор од стројот и не може да се појави на тренинзите. Тој е контролиран од страна на медицинската служба на тимот и не станува збор за исченување.
– Тој не е исчезнат, тој е болен. Не се работи за физичка повреда, станува збор за болест која сега нема да ви ја откривам, – изјавил Преса.
-
Англија16 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Македонија19 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Репрезентација12 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија10 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија24 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Шпанија22 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Шпанија9 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Германија13 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)