Поврзете се со нас

Англија

Фудбалер на Монако призна: Манчестер Јунајтед испрати понуда за да ме ангажира

Објавено

на

Манчестер Јунајтед пред почетокот на оваа сезона беше активен на трансфер пазарот, но и покрај тоа управата на клубот не успеа да му ги обезбеди сите трансфер желби на Оле Гунар Солскјер.

Норвежанецот бил заинтересиран за стоперот на Монако, 19 годишниот Беноа Бадиашил, Јунајтед испратил и понуда за неговите услуги, но на крајот тој останал во Монако.

Ова го потврди самиот играч кој истакна дека не жали што не направил трансфер во Манчестер Јунајтед и наместо тоа останал во Монако.

– Мислам дека донесов вистински избор да останам во Монако. На почетокот не уживав во добри сезони во клубот. Игравме за опстанок, а сега сум возбуден затоа што сме при врвот на табелата и јас мислам дека продолжувањето со клубот кој ме створи беше вистинска одлука, а тоа се докажа и со сезоната која ја имаме, -изјави Бадиашил, а потоа само кратко одговори на прашањето дали жали што не направил трансфер во Манчестер Јунајтед.

– Не, не жалам воопшто, -заврши 19 годишниот стопер кој веќе собра 70 настапи во дресот на клубот од Кнежевството за кој дебитираше на 17 годишна возраст.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни