Поврзете се со нас

Англија

Фудбалер на Лутон стартуваше крвнички, судијата му покажа само жолт картон (Видео)

Објавено

на

Photo: Luton Town fb page

Судиите во Англија традиционално овозможуваат повеќе дуели на фудбалските натпревари, но арбитарот на Чемпионшип средбата меѓу Лутон и Свонси претера со својот критериум.

Фудбалските фанови се шокирани поради стартот на Хенри Ленсбјури во првото полувреме, кој не само што беше претерано груб, туку заврши и само со опомена од судијата.

Фудбалерот на Лутон доби само жолт картон, што секако беше големо разочарување за гостинските, но и неутралнита фанови.

Она што сигурно ќе биде утеха е фактот што Лутон водеше со 3:0, а на крајот натпреварот заврши со резултат 3:3.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни