Поврзете се со нас

Англија

Фудбалер на Ливерпул заработил фрактура, Слот останува без една опција во ростерот

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LFC

Ливерпул не ги избегна проблемите со повреди кои некако традиционално доаѓаат со настапите на репрезентациите, а денеска англиските медиуми потврдија дека на принудна пауза оди Харви Елиот.

Елиот кој има важно место во составот на менаџерот Арне Слот заработил фрактура на ногата и тоа додека бил дел од младинската англиска репрезентација, за која сепак не настапил поради проблемот.

21-годишниот фудбалер ги пропуштил натпреварите затоа што уште пред му се пожалил на лекарскиот тим дека чувствува одредена болка во стопалото, по што се вратил во Ливерпул на детални прегледи.

Ливерпул засега ја нема потврдено повредата, но „Сан“ тврди дека Елиот ќа паузира најмалку шест недели и нема да може да му помогне на својот тим на голем број натпревари.

Ливерпул за три дена го пречекува Нотингем во Премиер лигата, а во вторник му гостува на Милан во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни