Фудбалер на Ливерпул казнет поради навреди упатени на сметка на Кејн

Harvey Elliott

Фудбалерот на Ливерпул, Харви Елиот доби казна од Англиската фудбалска федерација поради навредите упатени на сметка на англискиот репрезентативец Хари Кејн.

Елиот има само 16 години и во јули дојде во европскиот првак од редовите на Фулам каде во мај стана најмладиот играч кој настапил во Премиер лигата, а е казнет поради навреди упатени во едно видео.

Талентираниот фудбалер се нашол на видео во кое заедно со пријателите го следи и коментира финалето на Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Тотенхем, при што е уловен како испраќа навредувачки коментари на сметка на Кејн. Поради ова Елиот е суспендиран 14 денови од сите фудбалски натпреварувања, а ќе плати и казна од 350 фунти.

Елиот во меѓувреме се извини јавно за кажаното, но тоа не го спаси од казната.

Facebook Коментари