Фудбалер на Ливерпул испрати зајадлива порака откако Меси ја доби „Златната топка“

mesi-robertson

Повеќе играчи на Ливерпул беа во потесниот избор за признанието „Златна топка“, но истото го освои Лионел Меси, а Ван Дајк, Мане и Салах ќе треба да чекаат некоја следна шанса.

Ова сигурно не им се допадна на нивните соиграчи, а тоа не го криеше Трент Александер-Арнолд, кој на Твитер постави фотографија од тренинг на која е заедно со Робертсон и Окслејд-Чембрлен со порака:

– Ни гостуваше Барселона и имавме еден корнер… напиша Александер-Арнолд потсетувајќи на корнерот кој беше дел од високата победа на Ливерпул со која „црвените“ ја елиминираа Барса во Лигата на шампионите.

Facebook Коментари