Поврзете се со нас

Франција

Фудбалер на Лил е хоспитализиран откако доживеал срцев удар

Објавено

на

Фото: https://www.losc.fr

Францускиот прволигаш Лил вечерва потврди дека фудбалерот Набил Бенталеб вчера бил итно префрлен во болница, каде е хоспитализиран и ќе остане деновиве.

Алжирскиот фудбалер вчера не се чувствувал добро, по што бил задржан во Универзитетската клиника во Лил, а клубот не соопштува други детали за здравствените проблеми на Бенталеб.

Алжирецот роден во Франција професионалната кариера ја започна во Тотенхем, играше за Шалке 04 и кратко за Њукасл, по што се врати во Франција и тоа во редовите на Анжер, за минатата година да потпише за Лил.

Она што наведува на изворот на проблемот е фактот што за малку ќе му пропаднеше трансферот во Лил, откако на лекарските прегледи му бил откриен миокардитис, односно воспаление на срцевиот мускул.

Бенталеб веќе има 54 настапи за националниот тим на Алжир.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни