Поврзете се со нас

Англија

Фудбалер на Лестер настрада по крвнички старт на пријателски натпревар (Видео)

Објавено

на

Пријателскиот натпревар меѓу Лестер и Вилјареал заврши со резултат 3:2, но резултатот остана во сенка на непотребниот груб старт на Нуно од шпанскиот состав.

Фудбалерот на Вилјареал го покоси Весли Фофана, а дека се работи за сериозна повреда говори и фактот што тој беше изнесен на носилки по долга интервенција на лекарскиот тим.

Фофана е 20-годишен фудбалер кој се наметна како првотимец во редовите на Лестер со одличните игри минатите сезони, па повредата пред стартот на сезоната сигурно не е добра вест за менаџерот Брендан Роџерс.

Фудбалерот веднаш бил пренесен во болница за да му бидат извршени сите прегледи и да се утврди карактерт на повредата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни