Поврзете се со нас

Франција

Фудбалер на Ле Авр тргна да се пресметува со навивач на трибините (Видео)

Објавено

на

Мароканскиот фудбалер Халид Бутаиб предизвика инцидент откако реши да се пресмета со навивач на трибините.

Членот на францускиот второлигаш Ле Авр бил испровоциран од однесувањето на конкретен фан, па кога бил заменет, сакал сам да истера правда.

Инцидентот се случи на дуелот меѓу Ле Авр и Тулуз кој заврши со резултат 1:1, а Бутаиб сакал физичка пресметка откако слушнал што му порачал еден од гледачите.

Обезбедувањето спречи поголем инцидент бидејќи Бутаиб сакал и да го удри навивачот, а Мароканецот добил црвен картон поради кој го очекува суспензија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни